Еден повреден во инцидентот кај „Букурешт“

Неофицијално, вечерва било пукано во Д.Т. по што тој изгубил контрола врз неговиот автомобил и се превртел. Во него било стрелано од возило во движење.

Со прострелна рана Д.Т. е пренесен во болница и во тек е хируршка интервенција.

Полицијата врши увид на местото на настанот.

Во тек се мерки и активности за пронаоѓање на напаѓачите.