Неофицијално, вечерва било пукано во Д.Т. по што тој изгубил контрола врз неговиот автомобил и се превртел. Во него било стрелано од возило во движење.
Со прострелна рана Д.Т. е пренесен во болница и во тек е хируршка интервенција.
Полицијата врши увид на местото на настанот.
Во тек се мерки и активности за пронаоѓање на напаѓачите.







