Ембид настапувал против Бостон со повреда на глуждот

Тренерот на Филаделфија, Брет Браун изјави дека центарот Џоел Ембид има повреда на скочниот зглоб и така ја играл серијата со Бостон во 1. коло од плеј-офот.

Браун истакна дека тој и Ембиид биле во постојана комуникација за повредата, но Ембиид настојувал да игра.

Филаделфија загуби со 0-4 и ја заврши сезоната 19/20.

Ембид во серијата против Бостон имаше просек од 30 поени, 12,3 скока и 1,3 асистенции по натпревар.