Завршена новата рунда разговори меѓу Белград и Брисел

Новата рунда разговори меѓу делегациите на Белград и Приштина на највисоко ниво оджана одржана е во Брисел, а состанокот на српскиот претседател Томислав Николиќ и премиерот Александар Вучиќ со косовскиот претседател Хашим Тачи и премиерот Иса Мустафи, со посредство на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини, заврши во средата околу полноќ.

Двете делегации ја напуштија зградата без изјави за јавноста.

Прво, Могерини разговараше со делегацијата на Приштина, а половина час потоа почна состанокот на српската делегација со претставничката на Унијата.

 

Дијалогот е многу важен процес за Србија и Косово, но и за регионот и ЕУ. Напредокот во нормализацијата на односите е клучен во зачувувањето на мирот и напредокот кон ЕУ. Тоа е клучно за Европа и регионалната стабилност, Федерика Могерини

 

Федерика Могерини изјави дека е охрабрена од конструктивната заложба која ја покажале Белград и Приштина во новата рунда дијалог и додала дека тој процес е важен за регионот и ЕУ.

Таа, во соопштението после вчерашниот состанок на највисоко ниво, наведе дека заложбата и политичката волја ќе дадат значителен придонес за намалување на тензиите и дека работата ќе биде продолжена во тој дух.

Сите учесници на состанокот, според нејзините зборови, ја повторија својата полна посветеност на заедничката работа на дијалогот.

„Сакам да им се заблагодарам на претседателите Тачи и Николиќ, како и на премиерите Вучиќ и Мустафи за отворената и конструктивна дискусија која ја имавме“, наведе Могерини додавајќи дека состанокот е продолжение на дијалогот од 24 јануари.