Заев ни е спасот

LinkSense.mk

Ова што се случува на политичката сцена е трагикомично.

Барањата на Заев и неговата коалиција, се сосема ОК. Нивното политичко делување има смисол.

Но, мене ми е чудно сето она што се случува во „нашиот“ табор, кај политичарите и пратениците Албанци.

Трпат мачнина, презир, омалуважувања, навреди и понижувања, за чудо на сите, а немаат срце да ги бојкотираат ниту Собранието, a богами ниту оваа влада!

Бојкотот е политичка алатка према закон, која легално се користи во демократијата.

Овие „нашиве“, кутриве, со полна уста патриотизам, знаат машки да трпат разноразни навреди и понижувања од нивниот партнер, и пак немаат храброст да се одлучат, барем еднаш во нивните животи, за машки чекор!

Барањата на Зоран Заев за лечење на демократијата во нашата земја се многу неопходни.

Демократијата е поимот што албанската политичка класа во Македонија немилосрдно го џвака, а имам силен впечаток дека уште не ја разбрале сржта на поимот. Демократијата тука е тешко болна. Како безнадежен случај.

Нашиве политиканти, кога се спомнува зборот демократија, тоа тие го толкуваат и им асоцира, сигурен сум, на тендеро-кратија или клепто-кратија

Очигледно се во голема збрка! Како само не сфаќаат?

„Нашите“ ја злоупотребуваат и мастурбираат со поимот демократија, само и само, за да ги манипулираат албанските гласачи. И за ништо друго!

За овие политиканти, демократијата е еден апстрактен и безвреден поим кој нема никаква друштвена функција, и кој само служи како анестетик за безнадежните албански гласачи.

Да се нема осет за никаква одговорност за кажаниот збор, кажува се за нивното политиканство.

Барањата на Заев, всусшност, требаше да бидат албански политички барања во Македонија.

Затоа нема никакво образложување од „нашата“ политичка елита дека, наводно, „тие работеле само за албанската кауза“.

И овој поим, „албанска кауза“, служи само за измамување на албанските гласачи.

Каква „албанска кауза“, какви бакрачи! Тоа воопшто не постои.

Кауза има да, во нивните глави, но таа е само за тендери и грабеж на јавното добро.

Алооо, нема никаква кауза! Оваа е најголемата измама на овие политиканти во земјава, почнувајќи од Мендух Тачи, па до Али Ахмети.

Овие двајца непоправливи „палавраџии“ си копираат еден од друг одделни работи кои им служат само за да креваат што повеќе националистичка прашина обвинувајќи се меѓусебно за наводно предавство на „албанската кауза“. Лајна!

Господ да ги чува Албанците од таквите лажни патриоти и националисти.

Ваквото опозициско делување на СДСМ е долгоочекуван час за сите, кој требаше да се случи веќе одамна, и од нашите политиканти.

Но тие не му се проклучуваат на СДСМ. А, знаете зашто?

Затоа што, ве уверувам, се чисти ајдути и зулумџии. Тоа им е во крвта, и ништо друго.

Тие секогаш го ставаат нивниот личен интерес над општествениот, над оној заедничкиот.

Демократијата и патриотизмот „нашиве“ не ги знаат како поими.

Туку, еве, да претпоставиме и да ги знаат, пак исто ни се фаќа.

Тие, и вака и така, пак ќе делуваат на ист начин, затоа што тие самите се креирани и режирани, само за да им нанесуваат штета и зло на Албанците во Македонија, и за да го изобличуваат и што повеќе да го замаглуваат куази-поимот што го џвакаат како гума за џвакање, „албанска кауза“.

На овие последниве избори, неопходно беше, секој Албанец, „голем“ или „мал“, „патриот“ или „издајник“, сеедно, да му пружи рака на Заев.

Независно од неговите стварни цели. Требаше да се обединиме со Заев, само затоа што демократијата во нашата заедничка татковина е тешко болна и масакрирана, и затоа мораме обединети да ја спасиме.

Со нејзиното оздравување, ќе оздрави и држава, украдена од обединети меѓуетнички-зулумџии.

Слободно општество е општество со слободни медиуми, со сигурност на животите на граѓаните, со граѓанска рамноправност, со правда за сите пред законот, без глед на верата, јазикот, бојата, полот … онака како што налага и политичкиот систем на либералната демократија.

Ако имаме слободни медиуми и граѓанска рамноправност, ако имаме правда и правичност, тогаш и само тогаш сигурно е дека ќе има бериќет во оваа заедничка држава.

Требаше и треба да му пружиме рака на Заев. За нашето добро, но и за доброто на сите други. Конечно да заврши оваа бесконечна „транзиција“.

Да се раскорени злото и безнадежта во нашето општество. Да се нормализира државата и таа да стане функционална.

Само обединети, со меѓуетничка доверба и слога може да се гради функционално –демократско – граѓанско општество.

Албанците треба да се разбудат од измамничката националистичка хипноза на Ахмети и Тачи и овој пат сериозно да ја земаат својата судбина во свои раце.

Затоа што тие досега ни донесоа само зло, институционална дискриминација, сегрегација, навреди, осиромашување, душевна беда и безнадеж. Само затоа, заради ништо друго.

М-р Шаќир Ислами