Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Заминувањето на последните „преспанци“
Коментар

Заминувањето на последните „преспанци“

јануари 15, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Преспанскиот договор е во архивите на ОН, претседателот Џо Бајден со извршна наредба соопшти дека ќе ги става на американската црна листа луѓето кои му се спротивставуваат или го поткопуваат, во европските метрополи уште се споменува како недофатлив дипломатски потфат за балкански размери. А, сепак, три и пол години подоцна, од семејната фотографија на церемонијата на потпишувањето на договорот во Нивице, од грчката страна на Преспа, останаа само двајца кои се во политиката каде што се донесуваат одлуки.

Со изборот на новата влада викендов од политиката, барем засега, ќе си заминат двајцата главни актери од македонската страна – Зоран Заев и Никола Димитров. Грчките партнери си заминаа, или беа принудени да си заминат од владата многу порано. Премиерот Алексис Ципрас летото 2019 година откако ги загуби изборите (една година по церемонијата во Преспа), а Никос Коѕијас, кој со Никола Димитров го потпишаа договорот, го напушти кабинетот во Атина во октомври 2018 година. Причината беше тешкиот судир во владата околу Преспанскиот договор на седницата претходниот ден со министерот за одбрана и коалициски партнер на Ципрас, Панос Каменос.

На семејната фотографија е и Федерика Могерини, тогашната шефица на европската дипломатија – таа сега гради кариера во академскиот свет, од пред година и пол е ректор на Колеџот на Европа во Бриж. Единствените двајца што се активни во високата политиката се Јоханес Хан, тогашен еврокомесар за проширување, а сега еврокомесар за буџет, и искусната американска дипломатка Розмари Дикарло, која и тогаш и сега е потсекретар на ОН за политички прашања. Специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц, по ставањето на потписите во Нивице, конечно замина во дипломатска пензија.

Двајцата македонски актери, Заев и Димитров, беа дел и од договорот со Бугарија. Другите двајца – Бојко Борисов и Екатерина Захариева – се многу активни во бугарската политика, но нејзините текови сега поминуваат покрај нив, иако се трудат да ги задржат рефлекторите на јавноста врз нивните изјави или постапки.

Македонската политика влегува во пост-преспанската и пост-бугарската фаза. Додуша, во опозицискиот табор се истите луѓе на клучни позиции кои беа особено гласни против Преспанскиот договор. Дали тоа значи дека противниците на Преспа во Македонија победиле? Тешко би можело да се каже дека тоа е така – резултатите од изборите во летото 2020 година покажаа дека негативните рефлексии од Преспанскиот договор не надвладеале. Но бугарската блокада фрли голема сенка врз договорот меѓу двете земји. И во еден значаен дел придонесе за поразот на СДСМ на локалните избори.

За храброста во политика многу често мора да се поднесат жртви. Казната за Ципрас од грчките избирачи дојде само една година во свеченоста во Нивице. Се разбира, стравот од исходот на резултатите од броењето на ливчињата во гласачките кутии не треба да ги скаменува политичарите при остварувањето на нивните визии. Тоа го покажаа и Заев и Димитров. Ланскиот Преспа форум во Охрид и Отешево на одличен начин покажа дека регионот, Европа и САД знаат да ги ценат потфатите на храбрите политичари.

Никола Димитров, кој уште денес и утре е вицепремиер за евроинтеграции, во последните денови на неговата сегашна функција, на одреден начин сам го поткопа она што го изгради, застанувајќи и против неговите сегашни колеги во владата, а и против оние што ќе дојдат, поставувајќи се како наводен единствен бранител на македонските интереси.

Но така е во политиката – незадоволството поради многу работи испливува можеби кога најмалку сакаш и тоа токму тогаш кога има најмалку разбирање за него.

Во моментов не е многу важно што ќе прави Никола Димитров во иднина – без оглед на неговата Фејсбук-загадочност: „Ми падна паричето. Мислете му ја“ – ниту колку и како се борел внатре во владата. Доколку Димитров сака да остане и во подлабоко сеќавање, освен како потписник на Преспанскиот договор, тој требаше во изминативе години да го осветли овој извонреден дипломатски успех, а не најчесто да зборува во шифри, со полунавестени реченици. Тоа може да го направи во иднина, ако фаќал редовни белешки, или ако има волја и енергија да ѝ предочи на јавноста барем парче од деталите како со неговиот колега кој му стана пријател, Никос Коѕијас, ги искалибрираа договорот кој наиде на толку многу пофалби и поддршка – освен кај македонските и грчките националисти. Доколку пишува за тоа неповторливо искуство, сигурно неговите опсервации и детали ќе останат во многу подолго сеќање отколку сегашните изјави дека „битката ја водев внатре во Владата“.

Затоа, за заминувањето на „последните мохиканци“ од Преспа, ќе искористиме еден дел од книгата на Никос Коѕијас „Логиката на решението: политичка теорија и пракса во меѓународните односи – вистини за македонското прашање и преговорите“, која излезе во декември 2020. Во книгата, која има дури 1008 страници, Коѕијас зборува и за тоа како се дошло до решение во спорот со името и посебно за неговите разговори со Никола Димитров. Можеби Димитров ја прочитал книгата, или некои делови од неа. А можеби и не. Можеби има поинакво мислење за настаните и разговорите што ги опишува Коѕијас; можеби сето е навистина така. Добро би било да прочитаме како тој ги објаснува и регистрира настаните, затоа што овој договор веќе е влезен во прочувањето на повеќе универзитети како може да се гради меѓународна мировна политика. Секако, доколку има волја да го направи тоа.

 

Љупчо Поповски – Дојче Веле

 

 

Алексис Ципрас Зоран Заев Никола Димитров Никос Коѕијас преспа
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Земјотрес од 3,3 степени со епицентар во Преспа

септември 28, 2026

Даниловски: Случајот во Гостивар не смее да се сведе само на вина на поединци

јули 21, 2026

Пановски: Да се знаат резултатите за водата во Гостивар и да се молчи е кривично дело

јули 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.