Дали знаете дека не мора да тренирате цела вечност, ниту час ниту половина час, за да го изгубите вишокот килограми и да го доведете телото во совршена форма?
Имено, студијата објавена во европскиот магазин за применета психологија „Женско здравје“ (Woman’s Health), покажува дека 15 минути тренинг го поттикнува метаболизмот на учесникот еднакво како и кај оние кои тренирале 35 минути.
Друга студија покажува дека жените кои морале да се обврзат на тренинг од 15 минути имале поголеми шанси во текот на денот тоа навистина и да го сторат.
Експерти за фитнес направија револуционерна супер брза програма за вежбање. Таа вклучува петнаесетминутно вежбање до шест пати неделно. Освен што ќе бидете подготвени за летото, оваа програма на вежби ќе ви помогне да се решите од стресот, подобро да спиете, па дури и, велат, да ја отфрлите опасноста од појава на дијабетис.