Италија и Шпанија сакаат позначајна улога во ЕУ

Лидерите на Италија и Шпанија се сложија да бараат поголема улога во јакнењето на ослабената Европска унија во текот на нејзините претстојни самити, затоа што во Франција, Германија и уште во неколку држави претстојат избори чии резултати би можеле да го ослабат западноевропското лидерство.

„Италија и Шпанија во наредните месеци можат да играат клучна улога, пред се како поддржувачи за оживување на ЕУ, рече италијанскиот премиер Паоло Џентилони на заедничката конференција за печат со својот шпански колега Мариано Рахој во Мадрид.

Џентилони и Рахој ќе се придружат денес на лидерите на Португалија, Франција, Грција, Малта и Кипар на еднодневниот самит во Лисабон.

Тие планираат следниот месец да учествуваат на разговорите со челниците на 28 земји членки на самитот на Малта, како и на одбележувањето на 60 годишнината од формирањето на Европската унија во Рим.

Лидерите се сложија да продолжат со редовни билатерални состаноци, кои беа прекинати во 2013 година поради лошите односи на шпанскиот премиер Рихој и поранешниот италијански премиер Матео Ренци.