Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера рече дека е „многу глупав“ секој што мисли дека претседателските избори во 2020 година биле фер, уште еднаш повторувајќи го своето тврдење дека последната трка за Белата куќа била наместена и покрај тоа што не обезбедил докази за тоа да го поткрепи.
„Кога ќе погледнете што се имаше за време на тие избори, освен ако не сте многу глупави, знаете што се случи“, рече Трамп на настан во градското собрание во Вашингтон.
Трамп ги бранеше мажите и жените кои присуствуваа на собирот непосредно пред нападот на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година, велејќи дека имаат „љубов во нивните срца“.
Говорејќи за оние кои беа кривично гонети, и сега се во затвор, поранешниот претседател рече дека е „наклонет да помилува многу од нив“ доколку победи на изборите во 2024 година.
Исто така, полицаецот кој пукаше во еден од демонстрантите во Капитол го нарече „силеџија“.
Нападот на Капитол во 2021 година го принуди Конгресот на евакуација и привремено го запре верификувањето на изборите во 2020 година.
Откако ја напушти функцијата, Трамп категорично и непопустливо зборува дека тие избори биле наместени, и покрај десетиците судски случаи кои ги отфрлија сите тврдења за фалсификувани избори.
Поранешниот адвокат на Трамп, Вилијам Бар, минатата година изјави дека Министерството за правда не нашло никакви докази за измама.
„Повеќето луѓе разбираат што се случи, тоа беа наместени избори“, рече Трамп на Си-Ен-Ен.
„И срамота е што моравме да поминеме низ тоа“, заклучи тој.







