Војната во Украина ја тресе и европската кошарка. Еден фронт на кој руските сили наголемо губат е спортот и се чини дека ситуацијата нема наскоро да се промени.
Русија е исфрлена од сите фудбалски натпреварувања под покровителство на ФИФА и УЕФА, ракометните (ИХФ и ЕХФ), одбојкарските (ФИВБ и ЦЕВ) и ватерполо (ФИНА и ЛЕН). Се чинеше дека ќе опстане во кошарката, но дури и тука „висат на конец“.
На седницата одржана на 25 март, Централниот борд на ФИБА не донесе одлука за исклучување на руските селекции, туку суспензијата ја продолжи до мај.
Во овој момент се чини дека Русите и дефинитивно ќе го прескокнат Евробаскетот во Германија, Грузија, Чешка и Италија.
Ако се случи тоа, прв кандидат за нивна замена е Црна Гора. Црногорците се 25-ти на ранг листата на ФИБА, односно најдобро пласирани од сите селекции кои не изборија пласман на Евробаскетот, што, според правилата, би требало да им отвори место, а притоа се единствените кои со три победи не се квалификува за 41-от шампионат на Стариот континент.