Лувр одбележува 500 години од смртта на Да Винчи

Парискиот музеј Лувр ќе ја отвори денеска изложбата посветена на 500 годишнината од смртта на познатиот сликар Леонардо Да Винчи.

На изложбата ќе се најдат дела на Да Винчи од трезорот во музејот, но и од колекциите на други институции ширум светот.

Како што пренесуваат француските медиуми, изложбата ќе опфати околу 160 негови дела.

Меѓу сликите ќе бидат ремек делата на Да Винчи, десетици негови студии и научни нацрти, како и слики од уметници од тоа време.

Посетителите ќе можат да уживаат и во виртуелно дело посветено на приказната за Мона Лиза – најверојатно најпознатото дело на големиот уметник, клое се наоѓа во во сталната поставка на парискиот музеј.

Изложбата ќе трае до 24 февруари следната година, а од Лувр соопштуваат дека за до понеделник се продадени 220.000 влезници.