Меѓународен саем на книгата во Скопје

LinkSense.mk

Меѓународниот саем на книгата на кој ќе се претстават 80 издавачи со над 80.000 книги, пред сe од Македонија, но и од Србија, Црна Гора и Албанија по 29 пат ќе се одржи во Скопје, од 4 до 10 април.

Свеченото отворање на Саемот на книга е најавено за денеска, 3 април, во 19 часот во Метрополис арената.

Саемот го организираат Македонската асоцијација на издавачи, Здружението на издавачите и книжарите на Македонија (ЗИКМ) и Здружението на албанските издавачи од Македонија.

И оваа година Саемот на книга традиционално ќе обезбеди најголема концентрација на домашни и странски автори, современи и класични литературни дела, стручна, научна и белетристичка литература, учебници и училишни прирачници, енциклопедии и дела од областа на културата и уметноста

Во седумте саемски денови ќе се реализираат повеќе од 60 промоции на нови дела и автори, дебати и трибини, како и доделување на награди.

Издавачите најавуваат попусти и до 70 отсто.