Русија обезбедува третина од гасот за Европа

Една третина од потребите за гас во Европа годинава ги обезбеди Русија, што е до сега највисоко ниво, и покрај тензиите со Европска унија, соопштија од Гаспром.

„Уделот на гасот на Гаспром во Европа постепено расте и речиси достигна третина од европската потрошувачка“, се наведува во соопштението на овој руски гигант објавено во најновото издание на неговото списание „Блу Фјуел“ (Blue Fuel).

Официјални лица проценија дека уделот на Гаспром во европскиот пазар во 2015 година бил 31 отсто што веќе беше рекорд.

Порастот на уделот на рускиот гас во Европа забележан е поради извозот кој, исто така, беше рекорден оваа година, наведува Гаспром и додава дека тој рекорд важи како за советскиот период така и за периодот на современа

Русија со значителни испораки во ноември.

„Независно од цената и метеролошките услови Гаспром останува единствен снабдувач способен да обезбеди дополнителни количини на своите клиенти во Европа“, се наведува уште во соопштението.

Агенцијата Франс прес потсетува дека цените во договорите со Гаспром биле поинтересни отколку цените во директното купување оваа есен, како и тоа дека метеоролошките услови оваа година биле релативно нормални.

Како што наведува Агенцијата, Гаспром последните месеци ги истакнува своите добри резултати како доказ дека ЕУ не може без рускиот гас, иако Брисел и некои членки на ЕУ се спротивставија последниве години на проектите за изградба на нови руски гасоводи.

Европската комисија, исто така, се сомнева дека ова руско јавно претпријатие ја злоупотребува својата доминантна позиција во осум земји од источна Европа, каде според нивното мислење Гаспром го изолира пазарот на гас за да наплатува цена која се смета за „неправедна“.

Двете страни околу тоа прашање во последниве месеци се приближија за постигнување на спогодба, со која би се овозможило руската компанија да плати казна.