Се одложува јавната седница за предметот по случајот „27 април“

„Јавната седница закажана за ден 18,19 и 20 март по предметот познат во јавноста како „27 Април“ се одложува во интерес на јавното здравје и превенција, а во согласност со издадените мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија“, соопшти Апелацискиот суд Скопје.

Одложувањето, како што се наведува во соопштението на Судот, е поради тоа што не е во состојба да обезбеди правилна примена на препорачаните мерки.

Дополнително странките и јавноста ќе бидат известени за денот на одржување на седницата.