Стејт департментот бара итно формирање влада во Македонија

Портпаролот на американскиот Стејт Департмент повика за итно формирање на Влада, целосно исполнување на договорот од Пржино и владеење на правото.

Потребно е, велат, формирање на влада без идно доцнење и одолговлекување, а во рамки на македонскиот устав.

“Задно со нашите НАТО сојузници и партнери од ЕУ, САД внимателно го следи процесот за формирање влада во РМ по парламентарните избори од 11 декември 2016.
САД ги повикуваат лидерите во Македонија да формираат нова влада без натамошно одолговлекување, на начин кој е во склад со Уставот и аспирациите на Македонија за членство во ЕУ и НATO.
Формирањето нова влада посветена на владеењето на правото и на имплементирањето на потребните реформи ќе помогне да се стави крај на политичката криза која сериозно го попречи демократскиот и економскиот развој на земјата и евро-атлантските интеграции”, е ставот на Стејт департментот.