Стивен Кинг навести книга за пандемијата

Познатиот американски писател Стивен Кинг има намера да напише книга за пандемијата на коронавирус. Ова тој го најави во емисијата „Поглед“ на Вупи Голдберг.

– Сакам да напишам книга за коронавирусот. Сакам да ги сфатам настаните од 2020 година и да видиме како ќе изгледа романот. Воопшто нема да биде лесно, сподели писателот.

Стивен Кинг истакна дека пандемијата влијаела и врз пишувањето на детективскиот роман „Били Самерс“, објавен во август 2021 година. Според заплетот, ликовите треба да одат на крстарење, но лани тоа беше невозможно поради рестриктивните мерки. Поради оваа причина, авторот ја преместил приказната во 2019 година, заради веродостојност.

Кинг е автор на повеќе од 50 романи, кои се продадени во 350 милиони примероци ширум светот. Неговиот прв роман, „Кери“ беше објавен 1970-тите, по што следеше „Блесок“, што му донесе светска слава. И вториов роман беше преточен во филм – со Џек Николсон во главната улога. Во 2003 година, писателот беше награден со Медал на американскиот Национален фонд за книги за придонес во развојот на американската литература. Во 2014 година е награден и со Национален медал за достигнувања во уметноста во САД.