Тејтум: Ова ни е трета серија со петти натпревар, знаеме што да правиме

LinkSense.mk

Најдобриот кошаркар на Бостон селтикс, Џејсон Тејтум зборуваше за состојбата на тимот пред петтиот натпревар од финалната серија против Голден Стејт вориорс.

Момнеталниот резултат е 2:2 во серијата прв до четири победи.

„Поразот во четвртиот натпревар беше многу разочарувачки, ние го знаеме тоа. Во пресрет на петтиот натпревар, јасно ни е како да се однесуваме. За нас ова е трета серија по ред со петти натпревар. Знаеме што треба да се направи. Знаеме колку е сериозно и дека сите ситници се важни, дека треба да внимаваме на деталите, нијансите.

Останувам самоуверен, како и во текот на целиот плејоф. Верувам дека ќе одговориме на вистински начин и ќе играме подобро во поголемиот дел од следниот меч, рече Браун.

Петтиот натпревар од големо финале во НБА-лигата е закажано за ноќта понеделник кон вторник во 3 часот.