Чизми кои одат со се’

Оваа сезона и понатаму се во тренд практични, топли длабоки чевли како и куси чизми кои, според зборовите на стилистите, подеднакво добро се вклопуваат со класичен и лежерен стил на облекување, кон сако и панталони, како и кон џемпер и тексас панталони.

Модерни се робусни модели од кожа, сјајна или превртена, во светло кафени тонови, а оваа сезона во колекциите доминираат боја на чоколадо и темно сина.

Изборот на модели е голем, поставени со крзно, на врзување, со јазик и врвци…

Иако стилистите советуваат чевлите да бидат за нијанса потемни од панталоните, оваа сезона се носат и модели во две сродни бои, на пример беж и светла кафена.