За подготовка на тестото ви е потребно:
3 јајца
100 гр шеќер
2 лажици масло
120 гр брашно
Еден прстофат сол
1/2 кесичката прашак за пециво
1 лажица сок од лимон
100 гр млечно чоколадо
1 лажица какао
За фил:
250 гр крем сирење
3 многу зрели кајсии
2 жолчки од јајце
120 гр шеќер
100 мл млеко
50 гр маргарин
1 кесичка желатин
1/2 лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Се матат белките од јајцaта со прстофат на сол и шеќер . Се додааваат жолчките со лесно мешање. Од како ќе се соедини смесата се додава растопеното чоколадо и какао. Се додава маслото, прашок за пециво, сок од лимон и брашно, па кога сето ова ќе се соедини заедно бисквитот се пече на 180 степени околу 30 – 40 минути. Од како ќе испече се остава да се излади и потоа се сече на 3 дела
Додека се пече бисквитот подготвувајте си го кремот. измешајте ги жолчките со шеќер. Ставете ги на пареа 10 минути, а потоа додадете млеко, додека е топло и мешајте се додека не почне да се згуснува. Тргнете го од оган, додадете маргарин и мешајте се додека не се соедини со кремот
Одвоено измешајте го крем сирењето со кајсии и ванила, (кајсиите да се изблендираат) Желатинот потопете го во малку вода, а по 10 минути загрејте го за да се растопи убаво.
Измешајте го крем сирењето со мешавина на жолчки од јајце и павлака. На крајот додадете желатин и се заедно соединете.
Кремот чувајте го во фрижидер 2 часа, а потоа пристапете на мачкање на кората.
Исфилуваната торта оставете ја преку ноќ во фрижидерот . Наредниот ден декорирајте ја по сопствен вкус.