Шербеџија ја затвора 2020 со нов албум насловен „Ne okreći se, sine“

Легендарниот југословенски и светски актер Раде Шербеџија 2020 ја затвора со нов албум насловен „Ne okreći se, sine“, во издание на најголемата регионална дискографска куќа „Croatia Records“.

Како што се наведува во соопштението испратено до јавноста на новиот албум, Шербеџија го остава и својот авторски потпис, посветувајќи му ја песната „Шехерезада“ на познатиот словенечки театарски режисер Томаж Пандур, чие предвремено заминување пред четири години ја погоди културната сцена на овие простори.

Од тимот на славниот пејач информираат дека на албумот има и две соработки. И тоа со Габи Новак и Матија Дедиќ во песната на Арсен, „Од како те не волим“, и „На нешто ме потсетува тој град“, која Раде Шербеџија ја отпеа заедно со авторот на песната – Дарко Рундек.

-Најавен со хитот „Ето пјесме“ кој за него го напиша Хусеин Хасанефендиќ од „Парни ваљак“, Шербеџија албумот го сними со екипа одлични музичари, се вели во соопштението.

Се потенцира дека на новиот албум, Шербеџија го остава и својот авторски потпис, посветувајќи му ја песната „Шехерезада“ на познатиот словенечки театарски режисер Томаж Пандур, чие предвремено заминување пред четири години ја погоди културната сцена на овие простори.

Како што информираат од тимот на Шербеџија тој го искористи новиот албум ‘Ne okreći se, sine’, за да во шансониерски тон испрати важни пораки. Албумот, низ опуштената атмосфера и фино уредена музика има и неколку ‘потемни’ песни, кои дополнително ја драматизираат сериозната ситуација. А насловната тема „Ne okreći se, sine“, Шербеџија ја напишал во 1989 година, но дека сега таа има нов аранжман.

-Основниот впечаток по преслушувањето на албумот е дека Шербеџија не се збогува, туку им простува на другите, со низа песни кои рефлексивно гледаат на поминатиот пат. Понекогаш општо, понекогаш конкретно, но меѓу редови, има јасна порака за расчистување на сметките со зрелоста…“

– напишал во рецензија на албумот угледниот хрватски критичар Хрвоје Хорватстои а се наведува во соопштението.

Инаку, Шербеџија има земено учество и во големи проекти како режирање на култниот драмски текст „Ослободување на Скопје“ на Душан Јовановиќ и култната улога на Александар во филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски.

-Новиот студиски албум на легендарниот актер, поет и музичар е врвно музичко достигнување што ни доаѓа како подарок за крајот на оваа предизвикувачка година, се вели во соопштението.