Мексиканецот Артуро Гарсија доживеа неодамна голема фудбалска авантура. И кажал на сопругата дека ќе оди до локалниот супер-маркет во Пуебло, но заминал речиси 12.000 километри понатаму, во Русија – на Купот на конфедерации во Казањ, да ја гледа репрезентацијата на Мексико.
„И реков на жена ми дека одам да купам цигари, но не и реков во која продавница. Не и требаше многу време да сфати каде заминав“, изјавил Гарсија.
Артуро на ова патување ја потрошил целата животна заштеда. Стигнал на полуфиналето кое неговите „сомбрероси“ го загубија од Германија со 4:1.







