Мал комерцијален авион се сруши при полетување од аеродромот во Најроби, главниот град на Кенија, а од компанијата „Силверстон Ер“ информираа дека сите патници и членовите на екипажот безбедно го напуштиле леталото.
Засега не се знае колку патници имало во авионот.
А, не се знае ниту причината за несреќата, која се случи денеска во раните утрински часови на аеродромот „Вилсон“ во Најроби.
Локалните медиуми јавуваат дека меѓу патниците има повредени, не прецизирајќи го нивниот број.
Авионот требало да полета за Момбасу, пренесе агенцијата АП.