Австриската влада, на предлог на Комисијата за заразни болести, донесе одлука за да ги олесни условите за влез во земјата после двамесечното ограничување поради пандемијата со ковид-19. Одлуката се однесува за сите кои се вакцинирани и ја преживеале болеста и оние со негативен тест за вирусот САРС-Ков-2.
Од средината на декември, минатата година, до сега во Австрија можеа да влезат само вакцинирани.
Но, за туристичката индустрија е важно да прими што повеќе гости во остатокот од зимската сезона, не само од Германија.
Од 5 март, во Австрија се укинуваат речиси сите ограничувања, освен за носење маски FFP2 на некои јавни места. Исклучок е Виена, која засега делумно ги задржува мерките против корона вирусот во некои сектори, како што е гастрономијата.
Седумдневната инциденца која изнесуваше околу 2.200 случаи на 100.000 жители е во пад, а состојбата во болниците, особено на интензивната нега, е стабилна.