Американската амбасада во Македонија вчера доцна попладнето пријавила во Министерството за внатрешни работи дека пред главниот влез има автомобил „пикап“ кое, по проверките на безбедносната служба на амбасадата, покажувало присуство на експлозив.
Припадници на единицата за антитероризам при МВР направиле детален преглед на возилото и било констатирано дека е „празно“, дека во него нема експлозив.
Сепак „пикапот“ е подигнат од местото каде што бил паркиран и однесен за допонителна контрола.
Ни од МВР, ниту од американската амбасада не откриваат што точно се случувало оред амбасадата, за каков настан станува збор.