Ѕвездата на Челзи, Еден Азар, направи „хеттрик“ со освојување на награди во три од традиционалните награди на лондонскиот клуб.
Фановите го избраа белгискиот репрезентативец како најдобар во сезоната по рекорден четврти пат.
Азар стана број еден и во анкетата меѓу неговите соиграчи, а тој, исто така, ја заслужи наградата за најубав гол.
Азар веќе е избран за играч на сезоната во 2014, 2015 и 2017 година.
Никој друг не ја добил наградата 4 пати.
28-годишниот техничар е првиот, кој во иста сезона го освојува гласањето меѓу фановите и играчите на „сините“, како и ја добива наградата за најубав гол. Приврзаниците го одбраа голот против Ливерпул за Лига Купот, освоен од Челзи со 2:1.
Наградата за најдобар млад фудбалер на Челзи отиде кај Калум Хадсон Одој.
Офанзивниот играч од средниот ред моментално е повреден и се појави на церемонијата на патерици.







