Од 10-ти до 28-ми јануари 2024 година, во обложувалниците „Sport Life“ ќе се одвива акцијата „ЕКСПЕРТ ЗА РАКОМЕТ“, во знакот на европското ракометно првенство за мажи на ЕХФ – ЕУРО 2024.
Сите оние кои ќе одиграат тикети со натпревари исклучиво од понудата за ракомет,
приложени со и регистрирани на Sport Life клуб-картичката, и кои ќе имаат највисок
вкупен коефициент на добитен тикет во периодот на траење на промоцијата, ги
очекуваат три главни премии: 60.000 денари (прво место), PlayStation 5 (второ место) и еден милион поени за подароци од СЛ маркетот (трето место).
„Нашата понуда ја збогативме со нова игра „Експерт за ракомет“ и можност за
дополнителни подароци за најдобрите типувачи. Веруваме дека на претстојното
Европско првенство во ракомет – мажи ќе гледаме одличен ракомет, со особено
возбудливи мечеви на нашата репрезентација, како и возбудлив натпревар помеѓу
нашите играчи членови на СЛ клубот“, истакнуваат од Sport Life.
Покрај натпреварите од понудата за ракомет, која ги вклучува и посебните игри –
победник, учиноци на играчите итн, во акцијата учествуваат и натпреварите од понудата за обложување во живо и од понудата „Супер тип“ .
Тикетите треба да бидат со една комбинација, уплатени со приложена СЛ Клуб картичка, во периодот на траење на акцијата.
Тековното рангирање на играчите може да се следи на ТУКА, а победниците ќе бидат
објавени на интернет страницата sportlife.com.mk и на фан-страницата Facebook@SportLifeBet.







