Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Алаѓозовски: Култура до сите – култура за сите, во секој дел од Македонија, за сите подеднакво
Култура

Алаѓозовски: Култура до сите – култура за сите, во секој дел од Македонија, за сите подеднакво

декември 27, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

 Состојбата во културата е очајна. Ќе ни требаат надчовечки напори за да тргнеме по патот на закрепнување и напредок. Детектиран е фантастичен потенцијал меѓу нас, база на знаење, вештини, идеи и инфраструктура кои со добра организација и поддршка ќе можат да дадат резултат колку тоа и да се чини тешко.

Со овие зборови на министерот за култура Роберт Алаѓозовски денеска во Музејот на современа уметност почна јавната презентација на Нацрт-стратегијата за културен развој на Република Македонија 2018-2022 година и на Нацрт-акцискиот план за 2018 година.

Овие два стратешки документа, како што истакна Алаѓозовски, се солидна основа која треба да одговори на прашањата како да се справиме со долговите од минатото, со „Скопје 2014“ и мегаломанското, коруптивно и непродуктивно трошење, како да се поддржи независната сцена која со години беше маргинализирана и запоставувана, како нашето богатство од различности да стане извозен продукт во светски рамки, а не средство за поделби.

Според министерот, од Нацрт-стратегијата и Акцискиот план ќе произлезат политиките во културата за следните пет години. Тој им порача на сите учесници во креирање на предлозите, идеите и решенијата да го задржат ентузијазмот и да останат посветени зошто само така, потенцира, ќе се реализираат суштински промени.

„И покрај уништените општествени вредности, институции, образование, поделби по многу основи, скромни економски можности и долгови, верувам дека сме свесни за тешкиот пат пред нас. Нашите заложби се јасни: култура до сите – култура за сите, во секој дел од Македонија, за сите граѓани подеднакво, подвлече Алаѓозовски.

Славица Инџева од Фондацијата „Отворено општество Македонија“ се надоврза дека изминативе три месеци додека траеја јавните расправи за креирање на Нацрт-стратегијата и Акцискиот план, се многу кратко време за да се коригира штетата во културата што е направена.

На јавната презентација во Музејот на современа уметност учествуваат претставници на граѓанските организации „ЈАДРО“ и „КУЛТ – Транзен“ кои ги организираа средбите изминатиот период и придонесоа за консолидирање на предложените стратешки документи.

Се очекува посебниот советник за култура Златко Теодосиевски да ги претстави клучните поенти од Нацрт-стратегијата, по што ќе следува дискусија.

Како што информира министерот Алаѓозовски, за период од три месеци беа реализирани 15 средби и дебати со стотици претставници и работници во областа на културата од цела Македонија.

актуелно култура македонија музеј уметност фондација
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.