На Aлександар Јаневски Тошта, кој е обвинет за обидот за убиство на Зијадин Села му се заменува мерката притвор со куќен притвор, потврдија од ОЈО.
“Кривичниот Совет на Основниот суд скопје го уважи предлогот на одбраната на А.Ј. За укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор и по правосилноста на решението тој ќе излезе од затворот „Шутка“, велат од судот. Оваа одлука уследи откако Основното јавно обвинителство скопје денеска до Основниот суд скопје 1 Скопје достави предлог за замена на мерката притвор со поблага мерка куќен притвор за обвинетиот Тошта.
„Надлежниот обвинител по вторпат пред судот укажува дека со оглед на здравствената состојба кај обвинетиот и поодминатата фаза на постапката и со поблага мерка ќе се постигнат целите и нема да се загрози понатамошниот тек на постапката по однос на овој обвинет.
Ваков став надлежниот јавен обвинител изрази и пред еден месец, во мислењето упатено до надлежниот суд по поднесено барање од страна на одбраната на обвинетиот, се вели во соопштението од ОЈО.
ИЗВОР:ТВ24