Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Алексовски: „Живаљевиќ бара алиби!“
Во Фокусот

Алексовски: „Живаљевиќ бара алиби!“

август 24, 2017Updated:август 24, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Не сум овластено лице кое дава одобрение за престој во Собранието на Република Македонија“, истакна во интервју за државната МИА, Синиша Алексоски, советник за национална безбедност на претседателот на Република Македонија, кого српскиот разузнавач Горан Живаљевиќ го посочи како лице кое му дало одбрение да биде во македонскиот Парламент за време на насилствата на 27 април годинава.

„Сметам дека тоа го направил за преку мене да обезбеди алиби и да го оправда неовластеното и непрофесионално негово однесување, спротивно на законите во Република Македонија. Сакам да истакнам дека јас не ја знам причината за неговиот престој во Собранието“, нагласува Алексовски.

Дали и кога имавте контакт со Живаљевиќ вечерта на 27 април? Пред, за време или по настаните во Собранието?

„Во 20:23 часот на 27 април почна комуникацијата, кога добив порака со прашање од него со содржина: „вонредна состојба?“. Не одговорив. Во 20:37 часот примив уште една порака, овој пат со фотографија од него во собраниската сала, на што одговорив со прашање преку порака: „што правиш таму?“. Оваа фотографија до сега не е објавена во јавноста. Сметам дека тоа го направил за преку мене да обезбеди алиби и да го оправда неовластеното и непрофесионално негово однесување, спротивно на законите во Република Македонија. Сакам да истакнам дека јас не ја знам причината за неговиот престој во Собранието.

Но, тој посочува дека ве известил за негово дејствување во Собранието?

„И јас кога одам во Собранието, тоа го правам со уредна најава и одобрение од овластено лице. И јас прашувам: кој и кога го упатил во Собранието, какви дејствија преземал и дали воопшто побарал писмена или усмена дозвола од овластено лице и надлежен државен орган?

За што разговаравте со Живаљевиќ таа вечер? Дали и кога го известивте Кабинетот на Претседателот за ова?

„Не разговаравме. Како што претходно посочив, тој ми упати текстуална порака, пропратена со фотографија, дека бил во собраниската сала, на што му возвратив: „што правиш таму?“. За пораките, се разбира, веднаш известив и поднесов извештаи согласно безбедносните протоколи.

Дали има пракса за таква комуникација на советникот за национална безбедност на Претседателот?

„Описот на моите работни задачи е да комуницирам со дипломатскиот персонал во амбасадите, кои се надлежни за безбедносни прашања и соработка со службите, почитувајќи ги протоколите со задолжително известување кон претпоставените“, се наведува меѓу другото во интервјуто на Алексовски за за агенцијата МИА.

актуелно Горан Живаљевиќ македонија миа парламент Синиша Алексовски собрание
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.