Главниот одбор на Алијансата за позитивна Македонија, на седницата одржана во Ресен на 8 декември 2017 ја потврди посветеноста на партиското раководство да дава позитивен конструктивен придонес на политиките на Владата на Република Македонија кон брзото враќање на патот кон НАТО и ЕУ интеграциите, преточена во владината програма наречена „3-6-9“.
Воедно, партијата донесе одука да се преименува во „Партија за општествен и економски напредок“ или скратено „ПОЕН“, како и да започне процедура за пристапување кон Европската слободна алијанса (ЕФА) како придружна членка.
Новото име на партијата ќе се користи откако ќе се запише во судскиот регистар, соопштуваат од партискот сектор за информирање на јавноста.
На седницата на Главниот одбор за нов претседател на тој одбор е избран Димитар Илиевски, а направена е и реконструкција на Извршниот одбор.







