Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „АЛКАЛОИД“ ОДБЕЛЕЖА ЈУБИЛЕЈ: Брендот „Бекутан“ прослави 45 години од постоењето
Економија

„АЛКАЛОИД“ ОДБЕЛЕЖА ЈУБИЛЕЈ: Брендот „Бекутан“ прослави 45 години од постоењето

мај 14, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Фармацевтската компанија „Алкалоид“ денеска одбележа 45 години на еден од своите најпрепознатливи брендови, колекцијата производи за деца „Бекутан“.

Менаџерот на компанијата, Живко Мукаетов, рече дека е голема чест да се прослави голем јубилеј, а тоа е 45 години од постоењето на брендот „Бекутан“.

„Денеска би сакал да ви се обратам не како човек кој е менаџер во компанијата, туку како татко на четири деца. Да се биде родител е веројатно една од најодговорните работи кои можат да му се случат на еден човек. Тоа е грижа и посветеност за некој кој живее покрај вас, расте и се развива и треба да порасне во здрава личност. Од многу непроспиени ноќи, па преку изборот на храната, па се до изборот на козметиката која едно бебе ќе ја добие. Моите родители го користеа ‘Бекутан’, јас и мојата сестра го користиме ‘Бекутан’, јас и мојата сопруга го користиме овој производ. Од 1978 година, откако постои кремчето ‘Бекутан’, досега се произведени повеќе од 60 милиони теглички, што е уште еден доказ за квалитетот и традицијата. Уште еден доказ дека тоа е производ на кој може апсолутно да му се верува“, истакна Мукаетов.

Тој посочи дека со „Бекутан“ растеа и растат генерации кај нас но и во регионот и тој е бренд на кој треба да бидеме благодарни и горди.

„Ние сме многу среќни, што може да се пофалиме, дека брендот континуирано расте“, потенцира Мукаетов.

Силвија Брајовиќ од СОС Детското село нагласи дека „Бекутан“ е водечки бренд за нега и грижа на малите деца и оти тоа веќе 45 години го прави најдобро.

„Токму таа грижа за децата не спои заедно со ‘СОС Детското село’. ‘Бекутан’ најдобро и најквалитетно се грижи за нашите најмили. А, ‘СОС Детското село’ веќе 22 години гради семејства за да може секое дете да расте во грижа, љубов и припадност на одредено семејство. Од голема важност за нас е потрошувачите на ‘Бекутан’ да имаат свесност за оваа наша поврзаност којашто резултира во додадена хуманитарна вредност на брендот. Со оваа кампања, по повод 45 години, и самите потрошувачи се дел од нашата заедничка мисија. Сите деца се наша грижа“, истакна Брајовиќ.

Прим. д-р Марина Поп-Лазарова посочи дека „Бекутан“ асоцира на традиција, на квалитет, на безбедност, на сигурност, на ефикасност, на иновативност.

„Грижата за децата е наш заеднички фокус. И тоа грижата која почнува од најраната возраст. Секогаш кога говориме за одредени ситуации кај детето, портфолиото и производите на ‘Бекутан’, апсолутно ефикасно и безбедно, ни користат во надминување на разните заеднички проблеми. Заедничка цел ни е здраво дете. Здраво дете е среќно дете“, рече Поп-Лазарова.

актуелно алкалоид бекутан бренд живко мукаетов јубилеј
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.