Британската кралица Елизабета Втора е пријавена во полиција во Западен Јоркшир затоа што, како што се тврди, немала врзан безбедносен појас кога со своето официјално возило доаѓала во парламентот.
Лицето кое ја повикало полицијата тврди дека кралицата не била врзана додека се возела низ Лондон, пренесува Би-Би-Си.
Полицијата ја потврди пријавата на својот профил на Твитер нагласувајќи дека тоа не е случај за нив и дека не е во надлежност на Западен Јоркшир.
Според британскиот закон, против кралицата не можат да се покренуваат ниту граѓански ниту кривични постапки.







