Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Амандманите на ДУИ за Изборниот законик прва конфронтација во коалицијата со СДСМ
Политика

Амандманите на ДУИ за Изборниот законик прва конфронтација во коалицијата со СДСМ

декември 12, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Прва конфронтација меѓу коалициските партнери СДСМ и ДУИ се амандманите кои партијата на Али Ахмети го предложи во однос на измените на изборниот законик, а воведувањето на една изборна единица, што е содржано во изборната програма на СДСМ е нешто од кое премеирот Зоран Заев не се откажува.

Сепак тој денеска посочи дека самата коалиција е создадена на здрави програми и основи и постигна сериозни успеси.

Решиле меѓународни прашања, ја интегрирале земјата, направиле серозни домашни реформи и економски успеси.

„Тука ќе стане првата конфронтација, ние сме најавиле една Изборна единица, ќе се бориме до крај. Амандманската расправа можат да ја користат како деловничко право и секако тоа е нивно право. Но, ние ќе опстоиме, јас повикав во Парламентот да се преброиме, да видиме колку од претставниците на граѓаните изразени преку мандати се за промена на изборниот модел и секако тука ќе изгласа Парламентот“, одговори Заев на новинарско прашање како ги коментира поднесените пет илјади
амандмани за Изборниот законик од страна на ДУИ.

Нагласи дека секое блокирање треба да им биде објаснето на граѓаните и повторно дека верува оти најмногу губи СДСМ, а потоа ВМРО – ДПМНЕ, а сите други добиваат, вклучително и ДУИ.

„На крајот на денот најважна е државата, плурализмот во државата, демократските процеси“, изјави Заев, кој денеска заедно со амбасадорот на Кралство Холандија во Скопје, Дирк Јан Коп во рамки на НАТО Караванот дебатираа со студенти од Филозофскиот факултет на УКИМ на тема: „Патот до членството во НАТО: од изолирана до интегрирана земја“.

Додаде дека во целиот овој две и полгодишен период на постоење на оваа коалиција имаше и различни работи што се случуваа.

„Можам да кажам дека за голем дел од прашањата или за најголем дел од прашањата градиме заеднички политики и заедно гласаме. За еден дел од прашањата гледате дека и во самиот состав на коалицијата на СДСМ од 2016 година без ДУИ, онаа што беше иницијалната коалиција имаме  понекогаш различности по одредени прашања“, истакна премиерот.

Посочи дека директорот на Државниот ревизор заедно го утврдиле, но еве, како што додаде, во последен момент помина во некаков вид на договарање или што и да се случи само албанското име од кандидатите за Судски совет, а македонското име не помина.

„Не знам зошто тоа. Јас не ги знам ни кои се кандидатите, Парламентот распишува конкурс, но и за одредени други работи доаѓаат сигнали што ние ги анализираме и ќе провериме што во суштината се случува“, рече Заев.

Тој посочи дека на ниво на Влада функционираат, информирајќи дека денеска е утврден Буџетот и е вратен во Собранието.

Многу често, како што нагласи премиерот, не значи дека само победниците можат да формираат влади заради тоа што ако се програмски различни, ако се навистина раскарани имаат проблем, тогаш не може да успеат во коалиции.

Во делот на Законот за употребата на јазиците, тој уште еднаш напомена дека се формира владина работна група, која ќе ги дефинира сите правци на имплементација на препораките од Венецијанската комисија, што е потврдено, потенцира, со наратив од сите, не само со записник од Влада, туку од сите партнери, дека после коментарите по законот и по двата члена, ние ќе постапиме во нивна примена.

„Примената треба да ја спроведиме ако сакаме да бидеме европска земја заради тоа што европските земји кога Венецијанска комисија нешто укажува, таа примена треба да се спроведе“, порача претседателот на Владата.

Заев не верува дека во тоа ќе се успее пред предвремените парламентарни избори, како што рече, ако се работи за промени на закон.

„Ако се работи за имплементација во правосудството јас не верувам дека треба промена во закон, заради тоа што двотретинските закони го имаат своето влијание, имаме одложени периоди во самиот закон некаде до април. Верувам дека голем дел од работите практично може да се спроведат, дури и без промена на самиот закон. Не ни требаат сигурно тензии во делот на Законот за употреба на јазиците“, рече Заев.

Се осврна на тоа дека тој го претставувал законот, јас ги држев пресконференциите, подвлече, СДСМ го бранеше повеќе од кој било во Парламентот, а пратениците, истакна, се најзаслужни што го усвоија овој
закон и нема да дозволиме да се враќаме назад.

„Се бориме за уставни права, за сите граѓани еднакво и на нив ќе опстоиме, но нема да дозволиме да ги уништиме правата на правда заради одредено наше почитување и давање на одредено јазично право“, предупреди премиерот Заев.

На прашањето дали е отворена опцијата да се одложат изборите, премиерот Заев е дециден дека нема потреба за одлагање на изборите.

„Дванаесетти април е усогласен датум. Секако треба да успееме заедно сите да ги спроведеме ратификациите до тој период. Тоа беше основот за можноста за одлагање на изборите. Нема никаква потреба, ниту причина, ниту аргумент за одлагање на изборите“, изјави претседателот на Владата, Зоран Заев.

актуелно амандмани дуи Изборен законик коалиција сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.