Адмиралот Крејг Фолер, кој се наоѓа на чело на Јужната команда на војската на САД, порача во Сенатот дека американските трупи се подготвени да ги заштитат лицата и дипломатските објекти во Венецуела, ако тоа биде потребно, јавува Ројтерс.
„Ние сме подготвени да ги заштитиме нашиот персоналот и дипломатските објекти. Нашите војници се подготвени во секој момент да интервенираат во Венецуела, се разбира, ако за тоа се јави потреба“, рекол Фолер пред Комитетот за воени работи.
Ројтерс наведува дека тој не изнел детали за тоа на кој начин војската на САД би можела да одговори во случај на потреба.







