Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Американците се поделени околу можното отстранување на Трамп од власт
СВЕТ

Американците се поделени околу можното отстранување на Трамп од власт

ноември 15, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Рејтинзите укажуваат остра поделеност на јавноста околу можното отстранување на претседателот Доналд Трамп од власт, демократите и републиканците пак внимателно го следат јавното мнение во однос на процедурата импичмент.

Според анкети спроведени на национално ниво, околу 50 отсто од Американците поддржуваат можно отстранување на Доналд Трамп од власт во случај да се докажи неговата вина. Од друга страна, нешто помалку од 50 отсто не се согласуваат со тоа.

Демократите се убедени дека јавните распити ќе помогнат да се дојде до фактите и постигање надпартиска поддршка и со тоа да добијат поширока поддршка за импичмент, смета Сузан Лау Блох од универзитетот Џорџтаун.

Засега, се уште, не е познато какво влијание ќе имааат сослушувањата врз општественото мнение и врз резултатите од претседателските избори во 2020 година.

„Треба да почекаме да се види какво влијание импичментот ќе остави врз изборите следната година. Во моментов, тој е во полза на засилување на ставовите на претставниците на спротивставените партии, изјави Рамеш Понуру од Американскиот институт за претприемаштво.

Републиканците внимателно го следат рејтингот на Трамп и експертите сметаат дека ако се покаже дека тој ја губи поддршката кај народот, некои од републиканските конгресмени можат да му го свртат грбот. Ричард Никсон си даде оставка во 1974 година по изгубената подршка од неколку републиканци во Конгресот, а тоа се случи откако анкетите покажаа дека претседателот ја губи популарноста.

Бил Клинтон, пак, не беше отстранет од должноста од Сенатот, бидејќи имаше широка поддршка од Американците кои не го прифатија начинот на кој републиканците се обидоа да му ја одземат власта. Рејтингот на Клинтон порасна во текот на процедурата за негов импичмент.

Рејтингот, пак, на Трамп се уште останува на стабилните 41 отсто поддршка, малку помалку отколку при крајот на септември, кога започна процедурата за негов импичмент.

актуелно власт отстранување Трамп
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.