Мандатар за состав на новата влада на Србија е Ана Брнабиќ, соопшти денеска претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Тој рече дека не му било лесно да ја донесе оваа одлука и дека ова не е пораз за СНС или за било кој друго, туку идеја да се пројанде најдобро решение.
Брнабиќ, како што кажа Вучиќ, го известила дека може да обезбеди мнозинство од пратениците во српскиот парламент.
Тој истакна дека Брнабиќ е вредна, поседува стручни и лични квалитети и дека е уверен дека ќе покаже почит кон париите од кои што очекува поддршка, како и дека ќе работи на подобрување на Србија.
Брнабиќ, како што кажа Вучиќ, ќе го води економскиот дел, преговорите со ММФ, како и процесот на дигитализација, а суштинскиот политички дел од владата ќе го води Ивица Дачиќ.
Во Дачиќ имам огромна доверба, како и во сите останати коалициони парнтери и верувам дека ќе продолжат да работат како и досега, рече Вучиќ.
На прашањето што му кажала Брнабиќ кога дознала дека ќе биде премиер, тој рече дека му се заблагодарила и дека сериозно разговарале за задачите кои што следат.
Вучиќ рече дека во периодот кој што следи ќе биде важно да се обезбеди јакнење на меѓународниот углед на земјата како на запад, така и на исток.
Брнабиќ е 15. мандатар по ред од 1990. година, односно од започнувањето на повеќепартискиот систем во Србија.
Таа ќе биде прва жена и декларирана ЛГБТ личност на чело на српската влада.
Новата влада се очекува да биде избрана до 23. јуни, за кога е закажана инагурацијата на претседателот Вучиќ.
За изборот на владата треба да гласа мнозинство од вкупниот број на пратеници, а по изборот претседателот на владата и нејзините членови даваат заклетва пред пратениците со што започнува нивниот мандат.







