Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Анѓушев:Владата ги смета сите компании, без разлика на потеклото на капиталот, за македонски компании
Економија

Анѓушев:Владата ги смета сите компании, без разлика на потеклото на капиталот, за македонски компании

септември 22, 2017Updated:септември 22, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email
 

Владата ќе биде посветена, ќе работи на привлекување на странски инвестиции и ќе биде нивниот најдобар партнер, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев на свеченото отворање на фабриката Injection Moulding Prilep (IMP), инвестиција на германски Accomplast GmbH во Технолошко индустриската зона во Прилеп и притоа додаде дека Владата ќе работи се додека не ги пополни до последно место со производствени хали сите парцели во индустриските зони во Македонија.

„Со Планот за економски раст странските и домапните компании добиваат ист третман и Владата ги смета сите компании, без разлика на потеклото на капиталот, за македонски компании, бидејќи тука работат и произведуваат, рече вицепремиерот Анѓушев.

Тој истакна дека го познава германскиот начин и систем на работа и се надева дека сите германски инвестиции во Република Македонија ќе го пренесат квалитетот и технологијата со што ќе придонесат за технолошки развој и раст на економијата на земјата.

„Знаеме дека постојат определени проблеми со инфраструктурата во ТИРЗ зоната, во поглед на недостаток на вода и канализационен систем. Ве уверувам дека Владата посветено ќе работи да ги надмине овие проблеми и да ги подобри условите во зоната, за да компаниите може нормално да функционираат и да се развиваат, заврши вицепремиерот Анѓушев.

Согласно деловниот план на компанијата, инвестициските вложувања на компанијата во период од четири години би изнесувале до 3 милиони евра, а би се креирале до 150 нови работни места. Во моментов во фабриката работат 20-ина вработени.

Специјалност на ИМП е пластично моделирање делови за автомобилската индустрија.

„Ни беше потребна многу сила за да се состават сите парчиња и во текот на работата стекнавме нови добри искуства. Тука се произведуваат делови од пластика и метал наменети за автомобилската индустрија.

„Се планира и отворање уште една хала „Инџекшн Молдинг Прилеп“, рече Инес Андре, еден од управителите на компанијата.

Вториот управител на компанијата Франк Михаелис изрази благодарност до претходната, но и до новата Влада за поддршката.

„Има доволно простор за нашите возбудливи идеи и ова е уште една пресвртница на нашата компанија во поновата историја на Македонија. Парите се инвестирани, вработените се обучени и направени се првите нарачки, истакна Михаелис.

Според Патрик Мартинс, претставник на Германската стопанска комора, Германија е најголемиот трговски партнер на Македонија и бројот на германските инвеститори тука значително се зголеми последните години.

„Македонија е една од ретките земји со трговски суфицит со Германија, односот е 2:1.

Минатата година обемот на трговија меѓу Македонија и Германија изнесуваше 2,8 милијарди евра, стока во вредност од 2,1 милијарда евра била извезена од Македонија во Германија, а стока во вредност од 750 милиони била извезена од Германија во Македонија.

Македонија има повеќе од 200 компании со германски капитал, кои вработуваат околу 15.000 лица, посочи Мартинс.

Accomplast GmbH Injection Moulding Prilep македонија актуелно Влада на РМ имп Кочо Анѓушев Прилеп
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.