Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Анѓушев: Реформите во енергетиката се потребни и силно ќе работиме на нивна реализација
Македонија

Анѓушев: Реформите во енергетиката се потребни и силно ќе работиме на нивна реализација

јуни 12, 2017Updated:јуни 12, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, д-р Кочо Анѓушев, учествуваше на неформалниот состанок на министри за енергетика, индустрија и трговија кој се одржа во градчето Дурштајн во Република Австрија.

Неформалниот состанок на министри за енергетика, индустрија и трговија се одржа на иницијатива на Еврокомесарот за добрососедска политика и преговори за проширување, Н.Е. г. Јоханес Хан и директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница г. Јанез Копач.

Главна тема на состанокот беше измената и дополната на Договорот за Енергетска заедница, во чие креирање Република Македонија активно учествува. Измените во Договорот за Енергетска заедница се однесуваат на одредби со кои се поттикнува повисок степен на имплементација на европското законодавство во земјите потписнички на Договорот, како и  на дефинирање на правилата за соработка помеѓу земјите потписнички на Договорот.

Вицепремиерот Анѓушев за време на своето обраќање пред присутните потенцираше дека Владата на Република Македонија ќе го вложи сиот потенцијал и капацитет за спроведувањето на реформите во енергетскиот сектор, како еден важен чекор кон доближување до преговорите за членство во Европската Унија.

Енергетската заедница е во право кога вели дека Македонија е една од земјите, којашто има најмногу неусогласености на домашното законодавство со Договорот за енергетска заедница, а токму поради тоа и ја оценува нашата земја како последна во регионот во однос на спроведување на реформи во енергетскиот сектор. Неколку години реформите во енергетиката се замрзнати, нашата работа ја започнуваме како последни во регионот, но верувам дека тоа ќе го смениме и ќе го фатиме чекорот со другите земји од Западен Балкан. Ќе работиме посветено, професионално и одговорно, со цел да ги забрзаме реформите во енергетскиот сектор, посочи Анѓушев.

Анѓушев дополни дека владата интензивно ќе работи на нов закон за енергетика во кој би биле имплементирани одредби за третиот пакет на либерализација на пазарот за гас и електрична енергија. Воедно ќе се работи и на нов Закон за енергетска ефикасност преку кој ќе се изврши усогласување со Директивите за Енергетска ефикасност и Енергетски перформанси на објектите.

актуелно влада ЕУ Јанез Копач
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.