Скопскиот Апелационен суд ја преиначи пресудата за дедото на малата Тамара од Велес, од условна казна во ефективен затвор за поседување оружје, а по признание на вина.
Оваа одлука скопска Апелација ја донесе по жалбата којашто ја поднесе Јавното обвинителството, откако првостепениот суд му изрече неправосилна пресуда на Љупчо Стојановски. Имено, дедото на сега починатата Тамара Димовска, неправосилно беше осуден на две години затвор кој му се заменува со условна казна во траење од пет години за поседувањее на гасен пиштол, но сега таа одлука е заменета до едногодишна затворска казна, а пресудата е правосилна.
На сега осудениот Љупчо Стојановски, во првата половина на јули, му претстои уште едно судење. Овој пат тој ќе одговара за обид за убиство. Тој, како што е познато, на први јуни, минатата година, од гасен пиштол, пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, но за среќа во тој инцидент никој не беше повреден.
Тогаш Стојановски излезе со тврдење дека токму Тодоров е виновен за смртта на неговата внука Тамара Димовска, но откако и за овој случај беше отворена кривична постапка и беа обвинети се водат 12 лица, Никола Тодоров го немаше на листата на обвинети.
Љубиша Станковиќ







