По жалба на одбраната на Љупчо Стојановски, дедото на малата Тамара Димовска од Велес, Aпелација одлучи да ја укине затворската казна од 7,5 години за обидот за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.
Судењето ќе почне одново. Стојановски пукаше во Тодоров непосредно пред тој да ја предаде должноста на новиот министер Арбен Таравари на 1 јуни минатата година.
За поседување на оружје му беше одредена казна затвор од една година.







