Илјадници туристи избегаа денеска од австралиското источно крајбрежје зафатено со пожари, додека војската почна да ги евакуира луѓето на југот.
Заладувањето кое почна во вторникот им е од полза на пожарникарите во справувањето со огнот, но и на граѓаните да ги обноват резервите.
Долги колони возила се пред бензиските станици и супермаркетите, а сообраќајните гужви доведоа до застој на повторно отворениот автопат, пренесува АП.
Како што најавуваат надлежните, влошување на временските услови се очекува во сабота, за кога се предвидува засилен ветер и пораст на температурата.
Властите соопштија дека оваа седмица се уништени 381 куќа на јужниот брег на Нов Јужен Велс и дека најмалку осум луѓе настрадале во таа и во соседната сојузна држава Викторија, каде што моментно се активни 200 пожари.
Во Нов Јуже Велс е издадена наредба туристите да ја апуштат зоната во должина од 250 километри долж јужниот брег.
Државниот миистер за сообраќај Ендру Констанс рече дека ова е „најголемата масова преселба на луѓе од региоот кое некогаш е видено“.
Во Викторија, каде што оваа недела изгореа 68 домови, војската им помага на илјадици луѓе кои бегаат од огеата стихија.
Ним им се доставува храна, вода, гориво и медицинска помош, а воен брод „извлече“ околу 500 лица од крајрежите места.
„Веруваме дека таму има околу 3.000 туристи и 1.000 жители чии животи се загрозени. Не сакаат сите да си заминат, но и не можат сите оддедаш да бидат евакуирани“, изјави премиерот на Викторија, Дениел Ендрус.
Околу 5 милиони хектари земја изгореа, а досега 17 луѓе го загуија животот, а повеќе од 1.300 домови се уништени.
Австралискиот премиер Скот Морисон вели дека кризата најверојатно ќе трае со месеци.
Заради чадот од пожарите квалитетот на воздухот во Канбера денеска е најлош во светот, а ветерот го разнесува чадот кон Нов Зеланд.








