Архимандритот Јоаникиј од Ракотинци денеска во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје е прогласен за светител.
По тој повод во храмот се одржа литургија со која чиноначалствуваше архиепискотот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сосолужение на сите членови на Архиерејскиот синод на МПЦ и свештенство од сите епархии на МПЦ
Беше осветена и иконата на Јоаникиј Ракотински.
Одлуката на САС на МПЦ-ОА за впишување на Јоаникиј Ракотински во списокот на светците ја прочита епископ Климент.
Денешниот датум на официјалната каконизација ќе биде впишан во календарот на МПЦ.
Претходно, во оцум часот од мостот „Гоце Делчев“ тргна свечена литија со моштите на преподобниот Јоаникиј Ракотински кои беа пренесени во Соборниот храм.







