Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Африка е се повеќе руска и кинеска
СВЕТ

Африка е се повеќе руска и кинеска

ноември 3, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Првиот руско-африкански самит, којшто се одржа на 23 и 24 октомври годинава во Сочи, многу го доживеаја како враќање на Русите на „Црниот континент“, но и како почеток на тивката економска војна за африканските држави. Меѓу гостите беше и добитникот на Нобеловата награда за мир за 2019-та, премиерот на Етиопија, Абу Ахмед Али.

Освен Америка, за економска и политичка експанзија на тој континент амбициите не ги кријат ни Кина, ни Индија, но и малку помалите земји како што се Израел, Турција, земјите од Индискиот залив, па Јапонија, Јужна Корека и Бразил.

„Русија само продолжи по патот по кој одеше СССР, но сега без идеолошки компоненти“, се заклучува во текстот на белградски „Новости“.

Неспорно е дека на многумина Африка им асоцира на сиромаштија и војни, стои исто така во текстот, но таму постојат и земји кои бележат брз економски раст. По темпото на развој предничат Етиопија, Брегот на Слоновата коска, Руанда, Сенегал и Гана.

Експерти на Обединетите нации, годинава, Етиопија, Нигерија, Мозамбик, Гана, Кенија и Јужноафричката Република ги нарекоа „африкански лавови на развојот“. Тие за шест години успеаја да ги намалат внатрешниот и надворешниот долг, но и да го намалат дефицитот на државниот буџет. Ги намалија и инфлацијата и невработеноста. Сето тоа влијаеше и да се намали и ризикот од водење бизнис.

СССР во шеесетите години од минатиот век ги поддржуваше антиколонијалните движења во Африка. Москва во тоа време испраќаше не само оружје туку и воени инструктори. Освен тоа, СССР градеше училишта и болници и бесплатно школуваше лекари и наставници. По враќањето во земјата некои од тие поранешни студенти во СССР стануваа влијателни политичари, оценува „Новости“.

Претседателот Владимир Путин вели дека повеќе од 30 африкански држави имаат договори со Русија за военотехничка соработка. Главниот советник на генералниот директор на „Рособороноекспорт“, Јуриј Демченко, тврди дека третира од рускиот извоз на воена техника оди во Африка. Обемот на порачка на оружје од Африка е поголем од 14 милијарди долари.

Руската воена опрема е на голема цена

Според податоците на „Россотрудничества“, во Руската федерација се школуваат околу 17.000 студенти од африканските држави. Московскиот експерт Наталија Цајзер, претседател на „Африканската деловна иницијатива“, истакнува дека е важно да се вложува во образованието на младите луѓе од Африка, затоа што тоа е долгорочна инвестиција.

Освен Американците и Русите, во Африка се поприсутни се Кинезите. Тие градат мостови, училишта, болници, подигнуваат фабрики и воени бази. Кинезите моментно се најголеми инвеститори на „Црниот континент“. Тие во 2018 таму инвестирале дури двеста милијарди долари. Благодарение на тие инвестиции, Кинезите учествуваат во освојувањето на нови ресурси во Африка. Ангола и ги враќа на Кина кредитите со сурова нафта.

Кина, како и Русија, им го отпишала долгот на оние држави кои не можат да ги вратат парите. Наводно, Пекинг и отпишал на Африка педесет милијарди долари.

И Русија е подготвена да инвестира милијарди долари во Африка. Федералната царинска служба на Русија тврди дека во 2018 година трговската размена со Африка изнесувала 20,4 милијарди долари. Во споредба со 2010 година се зголемила за четири пати.

Главни руски економски партнери во Африка се Алжир, Ангола, Гана, Гвинеја, Египет, Зимбабве, Конго, Мароко, Мозамбик, Намибија, Нигерија, Судан, Тунис, Уганда, Етиопија и Јужноафричката Република. Во повеќе држави руските компании работат на проекти на национални системи на сателитски врски и телевизии, а „Росатом“ работи на проекти на користење на атомска енергија за мирнодобски цели.

За да ја забрза економската размена, Русија на африканските држави им отпишала 20 милијарди долари стар долг, долг уште од „советско време“. Лани Русија на африканските држави им даде храна во вредност од пет милиони долари.

Америка во 2000 година направи посебна програма за соработка со Африка. Секоја стока која се увезува од Африка во САД е ослободена од данок. Освен тоа, американската помош на африканските држави оди преку разни агенции. Во 2015 година американскиот Конгрес ја продолжи програмата за соработка со Африка до 2025 година. Обемот на трговска размена со африканските држави во 2017 година изнесуваше 39 милијарди долари.

Лавров со Муса Махмата, потпретседател на Африканската унија

„Централно африканската Република ја проучува можноста за отварање на руска воена база во својата земја“, рече претседателот на таа држава Фостен Арканж Туадер.

Туадер не крие дека неговата земја веќе добила неколку пратки оружје од Русија, но дека тоа не им е доволно.

Но, во Москва веќе се огласија оние кои се против тоа Русија да отвори своја воена база во ЦАР, затоа што за нејзиното одржување би се трошеле милијарди долари.

СССР своевремено имаше бази во Сомалија и Етиопија, како и договори со повеќе земји за да можат бродовите да се усидрат во нивните пристаништа.

Не е тајна дека Русија ќе ја форсира соработката со африканските држави по веќе испробаниот советски модел.

„Без оглед на сите плусови и минуси, советскиот модел се покажа како доста ефикасен во соработката со африканските земји. И сега ние на овој континент му пружаме финансиска помош и тоа го правиме во рамки на хуманитарна помош, што се однесува до кредитите, ние ги даваме по пазарни услови, само како пример, на Египет одлучивме да му дадеме кредит од 25 милијарди долари за изградба на четири реактори за Атомската централа ‘Даба’“, објасни Путин. Тој потсети дека кон крајот на 20 век Русија и отпиша на Африка долг во износ од над 20 милијарди долари.

актуелно Америка Африка Етиопија Кина русија ссср
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.