Фудбалерите на Барселона вечерва во Мадрид ја декласираа Севиља и ака го освоија Купот на кралот.
Каталонците славеа со резултат од 5:0 и така го освоија првиот трофеј оваа сезона.
Во натпреварот во кој играше само една екипа, се беше готово уште во првото полувреме. Барса поведе во 14 минута кога после додавањето од Котуњо, Суарез рутински ја затресе мрежата.
На 2:0 зголеми Леонел Меси, после извонредната акција што ја изведоа тој и Алба. Во 40 минута Суарез повторно стапува на сцена. Овој пат правовремено реагираше на асистенција на Меси за 3:0.
Во второто полувреме Барса продолжи со доминацијата. Во 52 минута Меси асистираше за 4:0, но сега за Иниеста кој го помина голманот Сорија и ја спроведе топката во мрежата на Севиља.
Во 69 минута Кутињо од белата точка стрелаше прецизно за конечни 5:0.
Ова за Барселона е рекордна 30 титула во Купот на кралот.







