Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Безбеден град“ се уште се чека, иако над 140 луѓе годишно го губат животот во сообраќајки
Скопје

„Безбеден град“ се уште се чека, иако над 140 луѓе годишно го губат животот во сообраќајки

февруари 6, 20250
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во подготовка е долгоочекуваниот систем „Безбеден град“ кој ќе ги евидентира и санкционира сообраќајните прекршоци, но од МВР се уште не прецизираат кога ќе биде целосно пуштен во употреба. Над 140 лица во земјава секоја година се жртви на сообраќајни несреќи, многу од нив токму поради сериозни сообраќајни грешки, но системот што треба да ги открие се уште не е во функција.

„Поставувањето на камерите се очекува да заврши во текот на 2025 година. Сообраќајниот прекршок ќе се документира со соодветни технички средства и уреди за снимање, додека на сопственикот на возилото ќе му биде доставена соодветната пријава за сторен сообраќаен прекршок“, соопшти сега МВР иако според најавите на министерот Панче Тошковски овој систем требаше да профункционира на почетокот на годината.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во јули потврди дека поставувањето на камерите од системот „сејф сити“ е при крај и оти очекува и би сакал тој да почне да функционира од почетокот на 2025 година.

-„Сејф сити“ е проект кој е од круцијален интерес за Македонија, првично за Скопје како центар, секако за Тетово и Куманово. Но, Скопје е главниот фокус, половина од Македонија е во Скопје, половина од прекршоците се во Скопје. Сметам дека ако можеме да возиме во рамки на дозволена брзина во Австрија и во Германија, може да возиме со дозволена брзина и во Македонија. Целта е да се намали бројката на смртни случаи како последица на небезбедно возење, рече Тошковски во интервју за Слободен печат во јули..

Што се однесува до првите казни од камерите за „Безбеден град“, министерот исто така вети дека до крајот на 2024 година ќе има законско решение кое ќе овозможи примена на овој систем.

-Не би сакал да си дозволиме да го воведеме, да се стави во функција, а притоа да имаме проблем со доставување на казните. Задолжително ќе мораме да имаме период на адаптација, јас би го нарекол превентивен период каде што би укажувале, би опоменувале, но тоа да не трае до бескрај. Мислам дека е разумен период од 30-тина дена. Јас би сакал да профункционираме од Нова година – вели министерот.

Освен што „Безбеден град“ сè уште се чека, сегашниот Кривичен законик не предвидува високи казни ниту за сторителите на кривични дела со смртни последици. Законот предвидува минимум четири години затвор, додека во пракса вообичаено се изрекуваат казни од четири до пет години. Но, во новиот Кривичен законик, кој во моментов е во фаза на изработка, се подготвуваат измени и се предвидуваат повисоки казни, изјави министерот за правда.

„Постојано работиме на усогласување на сите можни законски решенија со нашиот колега Тошковски, како за безбеден град, така и за ова што го кажувате, затоа се залагаме за максимални казни“, изјави Игор Филков, министер за правда.

Според статистиката на МУП, лани 24 пешаци го загубиле животот во сообраќајни несреќи на бело светло, додека бројките покажуваат дека од 2010 година на македонските патишта животот го загубиле меѓу 116 и 198 лица. Потребата од построги сообраќајни правила беше особено видлива во неодамнешниот случај кога 22-годишната Фросина Кулакова беше удрена од 20-годишник без дозвола и под дејство на алкохол, додека поминувала на булеварот „Арадат Партизане“ на пешачки премин и на зелено светло.

 

(racin.mk)

актуелно безбеден безбедносни град камери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.