Прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат корисниците од улицата „Сердарот“ 94, во Општина Кисела Вода.
Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје информираат дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради уличен дефект на ф-80 милиметри.
Корисниците ќе бидат без вода од 10:30 часот се до завршување на активностите.