Поради технички зафати во мрежата, денеска без електрична енергија ќе бидат повеќе улици во скопските општини Гази Баба, Центар, Карпош, Бутел и Аеродром
Без струја од 8.30 до 14 часот ќе бидат корисниците од дел од улиците „Лазар Поп Трајков”, Трифун Хаџијанев”, „Христо Ботев” и „Ташко Караџа” во Автокоманда.
Од 9 до 14 часот струја нема да има и во Центар, на дел од улицата „Орце Николов”, куќните броеви 64, 66 и 68 и објектите околу нив.
Санација на мрежата ќе има и во Тафталиџе, Бутел и Аеродром, кај Бисер, заради што од 9 до 14.30 часот без струја ќе бидат делови од улиците „Алжирска“ и „Багдатска“, од улицата „18“, и од Булеварот „Јане Сандански“ позади ТЦ Бисер.