Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бектеши: Новата Стратегија за енергетика до 2040 се потпира на петте столба на Европската енергетска стратегија
Економија

Бектеши: Новата Стратегија за енергетика до 2040 се потпира на петте столба на Европската енергетска стратегија

јули 5, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со новиот Закон за енеретика, поголемото искористување на обновливи извори на енергија и подобрувањето на енергетската ефикасност ги поставивме како главни стратешки цели во енергетскиот сектор. Оваа година интензивно се работеше во подготовка на секундарното законодавство, а подготвен е и нов нацрт Закон за енергетска ефикасност, кој наскоро очекуваме да влезе во процедура за усвојување, а ќе понуди нови решенија со цел подобрување на бизнис климата од кој се очекува најголем интерес да има кај малите и средните претпријатија.

Ова го изјавил министерот за економија Крешник Бектеши на една од панел дискусиите на тема „Зајакнување на пазарот на енергија во транзиција“ во рамки на Бизнис форумот со кој завршил првиот ден со економски предзнак од Самитот во Познан, Полска.

– До крајот на оваа година треба да ја донесеме и новата Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година, која се потпира на петте столба на Европската енергетска стратегија (сигурност, солидарност и доверба, целосно интегриран енергетски пазар, климатска акција – декарбонизирање на економијата, истражување, иновации и конкурентност)“, објаснил Бектеши.

Тој, како што информираат од Министерството, ги запознал присутните со првиот објавен јавен повик за доделување на договор за право на користење на премија за електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали изградени на земјиште во сопственост на Република Северна Македонија, за кој е предвидена изградба на фотонапонски електроцентрали на две локации, и тоа во Амзабегово (Свети Николе) со вкупна инсталирана моќност од 25MW и Македонски Брод со вкупна инсталирана моќност од 10MW.

Бектеши ја најавил можноста микро и малите претпријатија и домаќинствата да можат да инсталираат фотонапонски постројки на покрив за производство на електрична енергија која ќе ја користат за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведена електрична енергија да го предадат на системот, што се отвори како можност со новиот Закон за енергетика, како и планираниот јавен повик за изградба на ветерни електрани со капацитет до 50 MW со користење на премија на локации за кои веќе е утврден потенцијал за производство на ветерна енергија, соопшто Министерството за економија.

– Новините согласно Законот за енергетика, според Бектеши, овозможија отворање на пазарот на електрична енергија, што има позитивни ефекти врз вработувањето, со оглед на фактот што бројот на компании кои поседуваат лиценца за снабдување и лиценца за трговија со електрична енергија во 2018 година е зголемен за повеќе од десет отсто, соопштуваат од Министерството.

Бектеши истакнал дека под покровителство на Енергетската заедница во Виена, започнат е проект за спојување на ден – однапред пазарите на електрична енергија меѓу Северна Македонија и Бугарија. Воедно, како што посочил, меѓу приоритетите во делот на изградба на енергетска инфраструктура на Владата е изградбата на национален гасоводен систем, неговото поврзување со регионалните гасоводни системи, како и изградба на дистрибутивните системи за природен гас.

Како што информираат од Министерството, директорот на Енергетската заедница, Јанез Копач, се осврнал на состојбите на енергетскиот сектор во регионот, кој е во процес на глобална трансформација. Развојот на поефикасни обновливи извори, растечката ликвидност на пазарот на природен гас и на интеграцијата на енергетскиот пазар во Европа бараат фундаментална промена на политиката. Според Копач, со растечкото темпо на економски раст на Западен Балкан, се зголемуваат побарувањата за енергија, а токму на овие предизвици треба да одговори регионот час поскоро.

европска енергетика стратегија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Пет нови лета до Виена, Краков, Вроцлав, но и до Сицилија и Сардинија

мај 21, 2026

Воведени нови правила на Европската Унија за патување со миленик

мај 18, 2026

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“:„’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

мај 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.