Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Белгија бара во меѓународното право да се воведе поимот „екоцид“
Европа

Белгија бара во меѓународното право да се воведе поимот „екоцид“

ноември 10, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Белгискиот парламент донесе резолуција со која се бара од владата да се завземе за признавање и казнување за „екоцид“ на меѓународните судови по пример на процесуирањето на злосторствата против човештвото.

„Ова гласање кое со големо мнозинство се одржа во одборот мора да се потврди уште на пленарна седница на Парламентот за две до три недели, што би требало да биде само формалност“, рече еден од предлагачите на текстот, пратеникот од редовите на Зелените, Самуел Коголати.

Во необврзувачката резолуција се бара од белгиската влада која ја води либералот Александер де Кро да иницира нов меѓународен договор со кој би се казнувал екоцид.

Со резолуцијата се предлага Белгија за таа цел да се здружи со земјите кои најповеќе се залагаат за воспоставување на таков суд како што се Луксембург, Финска, Шпанија и Франција (каде што во јули е воведено кривично дело – екоцид).

Втората можност за белгиската влада е да појде по примерот на малите држави како островските Вануати и Малдиви кои побараа измена на договорот за основање на Мешународниот кривичен суд во Хаг и во него да се внесе „екоцид“, заедно со воено злосторство и геноцид.

„Оваа реформа на Римскиот статут со кој е основан судот во Хаг е моментно најпрагматичниот пат“, изјави за АФП Коголати.

За тоа е потребна поддршка од две третини од околу 120 земји учесници во тој договор, истакна пратеникот.

Кина, Америка и Русија не се заинтересирани затоа што не го признаваат Меѓународниот суд во Хаг.

„Во моментите кога сите очи од светот се вперени кон ЦОП26 сакаме да бидеме сигурни дека криминализацијата на екоцид е меѓународна расправа. Кривичното право мора што поскоро да и дојде на помош на планетата“, наведоа во образложението белгиските пратеници од партијата на Зелените.

Излевањето на нафта од танкерот „Ерике“ во Франција, хемискиот отпад од американската компанија „3 М“ во пристаништето во Антверпен, нетранспарентноста на „Монсато“, сега подружница на германскиот „Баер“, во врска со штетноста на хербицидот: сето тоа може да се подведе под ова ново кривично дело, оцени партијата Еколо-Грун, истакнувајќи дека „треба да се прекине со неказнувањето на големите загадувачи“.

Белгиската коалициска влада ја сочинуваат либералите, социјалистите и Зелените. Резолуцијата ја поддржаа и опозициските партии (центристите и комунистите). Против биле само крајната десница (Влаамс Беланг) и фламанските конзервативци (Н-ВА).

актуелно Белгија екоцид Хаг
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.