Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » БЕРЗАНСКИ СИГНАЛИ: Падот на инфлацијата во САД го сруши доларот
Берза

БЕРЗАНСКИ СИГНАЛИ: Падот на инфлацијата во САД го сруши доларот

ноември 15, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во САД повторно падна инфлацијата, што вчера донесе видливо олеснување на берзите и обврзниците, а поскапеа благородните метали, но не и криптовалутите. Доларот беше под силен притисок.

Октомвриската инфлација во САД изнесуваше 3,2% на годишно ниво (пред еден месец беше 3,7%), а не весели што темелната инфлација (која не ги вклучува цените на енергенсите и храната) падна посилно од очекуваното, и е моментално на најниско ниво во повеќе од две години.

Аналитичарите се едногласни во својата оценка дека ФЕД, која за краток временски период ги подигна каматите на највисоко ниво од 2001 година, нема дополнително да го поскапи задолжувањето во декември (а најверојатно ниту во јануари), што е добра вест за економијата и берзите.

Затоа, не е чудно што вчера поскапеа дури 90 отсто од акциите кои влегуваат во индексот СиП 500.

Така, Дау Џонс вчера доби речиси 500 поени, а уште повеќе поширокиот СиП 500, кој извесно време дури беше и над важната граница од 4.500 поени.

Тоа беше најголемата еднодневна добивка на Волстрит од април, додека Расел 2000, индексот на акции со средна капитализација, акции кои се уште чувствителни на каматите, скокна за дури 5,4 отсто, најмногу оваа година, на дури 1.798 поени.

После три последователни негативни месеци, ноември изгледа како навистина добар месец. Технолошкиот индекс Насдак скокна речиси десет проценти. Како што забележува „Ситигруп“, пазарната динамика, исто така, ќе ја одредат многу неуспешни кратки позиции во технолошкиот сектор во наредните денови.

Вчера, исто како и акциите, поскапеа и обврзниците, поради што се намалија бараните приноси за американската десетгодишна обврзница за дури 17 базични поени, на 4,45 отсто.

Според месечната анкета на Банката на Америка, менаџерите на средства се оптимистични по прашањето за обврзниците, како што беа уште од финансиската криза, бидејќи се цврсто уверени дека каматните стапки следната година ќе се намалат.

Затоа, споменатите менаџери ги намалуваат своите парични позиции и се изложуваат на должничките пазари на најрешителен начин од 2009 година.

„Дури ниту обврзниците и акциите не се најдобриот избор во моментов“, сметаат угледните аналитичари на ЈПМорган банка.

Тие ги советуваат инвеститорите да продаваат акции и обврзници и да ги префрлаат парите во стоки, иако видовме добро закрепнување на пазарите на акции и обврзници од крајот на октомври.

Доларот забележа пад по објавувањето на инфлацијата во САД во октомври, неговиот индекс се намали за 1,5 отсто, што е пак позитивна работа за девизните пазари.

Американската валута загуби дури 1,7 отсто во однос на еврото.

Еврото зајакна веќе утрината, после објавата за вредноста на германскиот економски индекс Цев (Zew). Тој се врати во плус за прв пат од април, иако ЕЦБ нагласува дека уште неколку квартали ќе води рестриктивна монетарна политика.

Благородните метали вчера многу зајакнаа и поради послабиот долар (сребро +3,5%), додека криптовалутите паднаа.

Биткоинот вчера во 23 часот вредеше 35.500, што е за 2,7 отсто помалку отколку 24 часа порано.

актуелно акции Америка биткоин долар евро инфлација обврзници
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.